Првиот понеделник во мај официјално заврши со црвениот тепих „Мет Гала 2023“. Официјално е затворен во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк. Оваа година темата на изложбата е „Карл Лагерфелд: линијата на убавината“. Галата му оддаде почит на наследството на Лагерфелд – покојниот дизајнер кој ги предводеше модните куќи како Шанел, Фенди и неговите истоимени линии.
На оваа изложба беа поканети светскиот крем и елита, меѓу кои се појави и светската ѕвезда, пејачката Ријана.
Пејачката за прв пат проговори за својата благословена состојба кога се појави на финалето на првата лига на американскиот фудбал, а потоа ја воодушеви јавноста. Впрочем, воодушевувањето не изостана ниту сега откако се појави во елегантна бела тоалета, со аранжман од рози.
Никој не можеше да го пропушти фактот дека изгледаше, како што многумина знаат да кажат, „светски“ со оглед на тоа дека одбројува до породувањето.
Таа со насмевка им позираше на насобраните фоторепортери, а според сите наводи внимателно размислуваше за секој детал од овој фустан.
На црвениот тепих прошета со својата поубава половина, која е со неа во секој момент од бременоста и која исто така со нетрпение го очекува доаѓањето на детето.
Фото: Принтскрин/Танјуг ап/Еван Августини