Радио Милева
вистински пријателки

Ријалити учесничките Далила Драгојевиќ и Маријана Зоњиќ се неразделни, излезе и приватна преписка меѓу нив, а она што го кажа Зоњиќ ги шокираше сите (фото)

Ријалити учесничките Далила Драгојевиќ и Маријана Зоњиќ се неразделни, излезе и приватна преписка меѓу нив, а она што го кажа Зоњиќ ги шокираше сите (фото)

Далила Драгојевиќ и Маријана Зоњиќ станаа неразделни по „Задруга 5“, а поранешната членка на „Задруга“ често истакнува дека Маријана била единствената што била покрај неа кога работите и биле најтешки.

Маријана сега на социјалните мрежи објавила преписка со Далила, а во таа прилика и признала дека се опијанила.

– Камен пијана сум но, многу те сакам иако на крај завршуваме сами – и напишала Зоњиќ, а Далила и одговорила дека треба да внимава што прави.

Драгојевиќ и Маријана неодамна заедно одмараа во Црна Гора, а најголемо внимание привлекоа кога на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како провокативно танцуваат на плажата во Будва додека толпа млади момчиња стоеле до нив и ги гледале.

Со „Жешкиот танц“ најпрвин започнала Далила, која во танга костим за капење се свртела кон камерата, а Зоњиќ веднаш тргнала по неа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Далила Драгојевиќ

Останати вести од Радио Милева