Радио Милева подготвен, за секој случај

Ријалити ѕвездата се’ уште влече криминални „опашки“, па од дома не излегува без пиштол и телохранители: „Жена ми се навикна кога сфати дека не се омажила за Мирослав Илиќ, туку за Кристијан Голубовиќ“ (ФОТО)

Ријалити ѕвездата се’ уште влече криминални „опашки“, па од дома не излегува без пиштол и телохранители: „Жена ми се навикна кога сфати дека не се омажила за Мирослав Илиќ, туку за Кристијан Голубовиќ“ (ФОТО)

Кристијан Голубовиќ вели дека не излегува ниту ден денес од дома без пиштол и телохранители! Идниот учесник на „Задруга 4“ стравува за неговата безбедност, па затоа секогаш е опкружен со добро набилдани момци, кои во чекор го следат.

Голубовиќ открива кои се всушност членовите на неговото обезбедување.

„Од 90-тите години на минатиот век, никогаш не сум бил во град без да ме придружуваат најмалку две лица. Не е класично обезбедување, тоа се сите мои пријатели од училишните денови, роднини или пријатели од затвор, кои ми го чуваат грбот. Ова го правам како претпазливост, за што нашиот народ вели: ‘На злото малку му  треба да се случи’. И пиштол носам од истата причина. Подобро е да го имам со мене, отколку да го немам кога ќе ми затреба“ – ја започнува приказната Кристијан и посочува дека е трн во око на многу луѓе:

„Немам сериозни непријатели, само некои лајачи кои можат да ми направат мал проблем. Тие „е*иветри“ лесно ме напаѓаат, затоа што немаат мозок во главата. Но, овој пат им велам дека не можат да ми наштетат дури и ако ме гаѓаат со топови.

Голубовиќ објаснува дека обично го обезбедуваат двајца момци, а тимот е поголем кога покрај него се сопругата Ивана и ќерката Вера.

„Кога одам некаде со сопругата и детето, најмалку седум или осум лица мора да бидат со нас. Тие не одат веднаш до нас, но ги има наоколу, за секој случај“ – вели ријалити ѕвездата – некогашен озлогласен белградски криминалец.


„На Ивана и беше непријатно, но мораше да се навикне. Сфати дека не се омажила за Мирослав Илиќ, туку за Кристијан Голубовиќ. Влечам неколку опашки од минатото. Досега имам заплескано 2000 лајачи и кретиноиди. Можеби во меѓувреме, на некој од нив му пораснале м*диња во неговото село, па се засилил и мене даме  нападне“ – заклучува идниот задругар.

Фото: Дамир Дервишагиќ/Инстаграм принтскрин

To top