Регионалната поп ѕвезда Јелена Розга искрено, без воздржување, во емисијата „Премиера“ откри како се чувствува моментално по сите анализи кои неодамна ги направила. Долго време се шпекулираше за нејзината здравствена состојба, а сега таа ги откри деталите за проблемите со кои се бори.
– Јас сум среќна жена, имам се што сакам. Имам проблеми со здравјето, но таа тироида не ме слуша… Не кријам, зборувам за тоа, можеби можам да помогнам некому. Пред два дена отидов на крвна слика, резултатите никогаш не биле полоши. Не сум најдобаро, но се трудам. Ова најмногу влијае на моето расположение, кога хормоните не ми се во рамнотежа. Тоа влијае и на мојата кожа. Се трудам да одморам што повеќе, да бидам позитивна и се надевам дека за еден месец кога ќе одам на преглед, наодите ќе ми бидат подобри.
Иако болеста на Јелена Розга многу влијае на нејзиното расположение, пејачката е постојано насмеана во јавноста и се труди да шири позитивна енергија, а никој никогаш не би рекол дека има здравствени проблеми.
Фото: принтскрин/Инстагарам/Јелена Розга/Премијера