Радио Милева ти си, или не си?

Режијата „му го смести“ на уредникот и водител на ТВ дневникот на Сител: Валентин Николовски сите го знаат како Тино, освен кога не е… Цаци! (ФОТО)

Режијата „му го смести“ на уредникот и водител на ТВ дневникот на Сител:  Валентин Николовски сите го знаат како Тино, освен кога не е… Цаци! (ФОТО)

Валентин Николовски, новинар, водител и уртедник на ТВ дневникот на најгледаната телевизија во македонија, ТВ Сител е ТВ лице кое сите добро го познаваат. И од ТВ екраните, а многумина и приватно, зашто Тино, како што сите го викаат е човек измислен за дружба. Спонтан, комуникативен, речиси секогаш расположен, неретко хуморен и забавен, Тино е и другар и колега каков што секој би посакал.

Но, кога е телевизијата во прашање, особено ТВ дневникот на многумина не им е јасно, зошто водителите, односно ТВ лицата кои сите добро ги познаваме, секојдневно, со секое ново појавување самите одново се преставуваат, кога под нив режијата со кајрон го потпишува нивното име.

Причини има повеќе, што заради професионалните стандарди, што од оние таканаречени – „за секој случај“!  Дека е тоа така потврди една од оние ситуации кои „случајно“ се случуваат на секоја телевизија. Или таканаречени гафови, кои овој пат не беа дело на ТВ лицето, во случајов Валентин Николовскио, туку на режијата.

Имено во еден од ТВ дневниците, Валентин Николовски беше потпишан како… Славица Арсова! Неговата колешка – уредничка од информативнмата редакција и исто така уредник и водител на Дневникот на ТВ Сител.

Среќа што Тино како и секогаш прво се претстави, апотоа почна да ги води содржините во централниот информативен блок, зашто да беше поинаку… Кој знае дали некој ќе можеше да го „препознае“?

Патем, среќа што Цаци, како што ја викаат Славица Арсова, веќе е мажена, а и нејзиниот сопруг и колега и нејзин и на Тино, новинарот Александар Спасовски добро си ја познава својата сопруга чија рака јавно ја побара пред неколку години, токму во еден од ТВ дневниците на Сител. Зашто ако Александар се водеше по кајронот од режијата… ќе беше „ баеги голема забуната“!

Шегата настрана, грешките се составен дел од работата на телевизијата, па и на режијата. Затоа се тука и кога ќе се случат, да не насмеат и расположат.

Единствено остана нејасно… Кој од  режијата „му го смести“ на уредникот и водител на ТВ дневникот на Сител, Валентин Николовски, кого сите го знаат како Тино, освен кога не е… Цаци?!

Фото: Фејсбук принтскрин/Принтскрин/ТВ Сител /

 

 

To top