На почетокот на јули заврши 6-та сезона на познатото кулинарско шоу „Брза кујна“, а на Сител телевизија имате прилика да ги гледате репризните изданија.
Новата водителка Сања Савеска, заедно со добро познатиот тим на готвачи шеф Марк и шеф Никола одлично се вклопи, а истата екипа продолжува со нови емисии од септември.
Сања освен на ТВ екраните пред камерите, е активна и на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии и тоа најчесто од студиото на „Брза кујна“.
Кога пак станува за нејзиниот приватен живот, не е премногу активна, но понекогаш знае да сподели по некоја фотографија и да открие детали од приватноста.
Водителката ужива во својата љубовна врска со Тони, а сега двојката заедно ужива и на одмор.
Имено, Сања на својот „Инстаграм“ сподели неколку фотографии од нивната прошетка на тврдината Паламиди која се издгинува на 215 метри над морето и до неа водат 999 скали.
„Денес можеби најромантичната тврдина од чиј поглед застанува здив. Место кое едноставно сакаш да го посетиш повторно“, напиша водителката покрај неколку фотографии.
Савеска е облечена во бел летен фустан во комбинација со летни, ниски сандали, а додека нејзиниот партнер е во бела мајца и шорцеви, па еден покрај друг изгледаат како пар од серија.
View this post on Instagram
Инаку, таа во едно интервју откри дека нејзиното слободно време го поминува со партнерот Томи.
„Секој слободен момент го користам да бидам со мојот партнер Томи кој е моја поддршка во се’ што работам. Сакаме многу да шетаме во природа,но и да се возиме на мотор. Во старата реалност сакавме да посетуваме концерти и театарски претстави. Секогаш покрај себе имам добра книга, а голем дел од слободното време го поминувам со моите внуци Матеја и Михаил од кои ја добивам најчистата љубов и енергија“, изјави Савеска
Потсетуваме, Сања дојде на местото на Александра Илиевска која замина на породилно отсуство и во јануари оваа година ја доби ќерката Сара.
фото: инстаграм/сања савеска