Радио Милева

Ретко може да го видите во вакво издание: Стефан од „Некст тајм“ разголен во базен

Ретко може да го видите во вакво издание: Стефан од „Некст тајм“  разголен во базен

Летото и летната сезона заврши, иако оваа година немавме вообичаени летни одмори односно одмори со одредени протоколи, кои некои ги почитуваа, а некои не, сепак многумина го искористија времето да уживаат на плажа.

Познатите личности, осообено музичарите ова лето наместо на настапи го поминуваа најмногу во своите домови, а некои од нив го искористија времето да уживаат на продолжена летна пауза.

Така повеќето од познатите имавме прилика да ги видиме расоблечени во бикини на плажите во Охрид, Дојран, или пак во базен во некој хотел, приватна вила.

Иако летото можеби заврши, за некои се уште трае, па некои од познатите и септември го искористија да одморат некаде.

Стефан од „Некст тајм“  изминатиот период на својот Инстаграм сподели неколку фотки на кои покажа како ужива во базен ги полни батериите, а најголемиот дел од летото го поминуваше во Охрид на Љубаништа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan (@stefan_filipovski) on

Пејачот повторно во кусите приказни на социјалните мрежи сподели фотографија на која ужива, а дали станува збор за нова или постара фотка од одморот остана мистерија.

фото: Инстаграм

Инаку, Стефан и Мартин од „Некст тајм“ неодамна го прославија својот 34 роденден. Тие периодов активно работат на својот нов албум кој треба наскоро да излезе.

To top