Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ накратко се вратија во детството. Не е толку тешко кога сте во голем тематски парк како Дизниленд.
Популарната пејачка и нејзиниот сопруг деновиве престојуваат на Флорида, па скокнаа на магичното место во Орландо.
Ним им се придружија Мики Маус, Шиљо, Мини и останатите од познатиот тим на Дизни, како и нивниот син Александар и мајката на Прија, Борка. Тие уживаа во секој момент, што можеме да го видиме на фотографиите кои пејачката ги објави во својата Инстаграм приказна. „Баба и внук“, напиша таа на едната.
Дизниленд секако беше незаборавна авантура за малиот Александар, но и за неговите родители кои не ја пропуштија можноста да се сликаат пред централната атракција, замокот на Заспаната убавица.
Инаку, ова е една од ретките прилики Прија и Филип да го покажат наследникот.
фото:Инстаграм/Александра Пријовиќ/Филип Живојиновиќ