Радио Милева за утеха и прегратка

Решена е на нов драстичен чекор по загубата на бебето: Анастасија Ражнатовиќ се враќа во Белград

Решена е на нов драстичен чекор по загубата на бебето: Анастасија Ражнатовиќ се враќа во Белград

Анастасија Ражнатовиќ (25) го загуби бебето во петтиот месец од бременоста, па реши со да се врати од Шпанија во Белград.

Ќерката на фолк ѕвездата Цеце Ражнатовиќ живее со фудбалерот Немања Гудеља (31) во Севиља, но во овој тежок период сака да биде во Србија со семејството.
Како што дознава српски Информер.рс, Анастасија кон крајот на неделата ќе пристигне во Белград.

– Бидејќи поминува низ многу тежок период, сака да помине малку време со семејството. Таа долго време не дошла во Србија бидејќи чекала да се средат документите што и требале за да живее во Шпанија. Сега кога е готово може да си дојде дома кога сака. И треба мир, па го затвори својот Инстаграм профил и се повлече од очите на јавноста. Немања е постојано со неа и тој е нејзината најголема поддршка – изјавил извор за Информер.

фото: анастасија ражнатовиќ/инстаграм принтскрин

Според него, младата пејачка особено се радува што конечно во живо ќе го види својот внук Крстан, кој има нешто повеќе од 40 дена.

-Многу и беше тешко што не можеше да го види вториот син на Вељко и Богдана, освен преку камерата на телефонот. Конечно ќе може да го гушне и бакне и среќна е поради тоа. И недостигаше и малиот Жељко кого го обожава. Со нив двајца, како и со мајката Цеца и тетката Лидија Оцокољиќ, таа побрзо од се ќе успее да се опорави и да продолжи понатаму – вели неименуван извор.

Анастасија пред само седум дена го прослави својот 25-ти роденден.

Таа потоа објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како Немања ја изненадил со балони, полнети играчки и торта во нивниот дом во Севиља.
За жал, само неколку дена подоцна го загубија своето неродено бебе.

фото:Printscreen You Tube/PRVA/ Instagram

To top