Радио Милева
нешто онака... ама за навека

Репортерот на ТВ „Алфа“, Матеја Петровски ја запроси својата девојка на шалтер во аптека: Моментот овековечен со камери, а еве зошто го избрал токму тоа место? (ВИДЕО)

Репортерот на ТВ „Алфа“, Матеја Петровски ја запроси својата девојка на шалтер во аптека: Моментот овековечен со камери, а еве зошто го избрал токму тоа место? (ВИДЕО)

Новинарот -репортер  Матеја Петровски од ТВ Алфа ја запроси својата девојка Моника.

 

 

 

Тоа го направи на себесвојствен начин, за многумина на месртот на кое никој жив не би очекувал, но за него многу важна локација. Имено, Матеја  ја побара раката на својата сакана во една скопска аптека, а запросувањето беше проследено со повеќе камери. Што од камерите од самата аптека, што од колегите од ТВ Алфа, што од мобилните телефони…

За овој уникатен начин на запросување, ТВ репортерот имал повеќе од добра причина. Како што откри Матеја, тој и неговата сега веќе свршеница токму во таа  аптека се запознале,  за времето додека таа таму работела, па затоа решил ова прекрасно изненадување да и го приреди на истото место на кое за првпат се виделе.

Се разбира сето тоа изрежирано во строга тајност и договор со нејзините бивши колешки, кои ја повикале наводно да се видат, а таа дошла кај нив и… Останатото е сторија за медиуми, за која се надеваме дека ќе прерасне во среќна семејна приказна… Долговечна и многудетна.

Погледнете како изгледаше запросувањето на Матеја кое во вид на изненадување тој и го приреди на својата сакана:

Фото и видео: Фејсбук/Mateja Petrovski

Останати вести од Радио Милева