Веќе извесно време се зборува дека Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ не се повеќе заедно. Чаршиските приказни особено ги подгреа изјавата на пејачката во која открива дека на новиот албум не соработувала со раперот, иако до сега вообичаено тоа го правеше.
Сепак, во врска со овој распад на нивните односи, прв проговори Поповиќ и со тоа ги прекина сите зли јазици од понатамошни приказни на оваа тема.
„Мислам дека нема потреба да кажам нешто посебно. Ако нешто не чини, тоа би се видело“ – кусо коментирал, додавајќи: „Лагите нека му служат на чест на оној што со нив се служи“!