Коронавирусот не ја поштеди ни естрадата, па многумина се бореа и се борат со корона.
Пејачката Јелена Костов дознала дека нејзин колега има Ковид 19, па пред еден месец замина во самоизолација.
Набргу и таа ги почувствувала симптомите.
„Кај мене вирусот трае повеќе од еден месец. На почетокот бев катастрофа, но сега се’ помина. Сега се чувствувам малаксано, бргу се заморувам. Немам многу сила, насмеана и позитивна, само го чекам тој тест да покаже дека немам коронавирус. Еве месец ипол не излегов од станот, сама одлучив да одам во изолација бидејќи слушнав дека еден колега има корона, па после тоа се разболев. Дома сум со синот, се играме, но се грижам што вирусот е толку време во организмот. Се тешам што не сум единствена кај која толку долго трае вирусот. Се плашам да не останат последици“ вели Јелена.
Таа додава дека е среќна што нејзиниот сопруг и син се негативни иако се наоѓаат во ист стан.