Red Hot Chili Peppers годинава се враќа на музичката сцена со нова музика. Имено, нивниот нов албум „Unlimited Love“ ќе биде објавен на 1 април и на него ќе се најдат 17 нови песни. Тоа што е интересно за овој албум е дека на него ќе свири и Џон Фрушанте, гитаристот којшто ја напушти групата во 2009 година за да се фокусира на соло проекти.
„Нашата единствена цел е да се изгубиме во музиката. Поминавме илјадници часови заедно, но и индивидуално, усовршувајќи се за да го направиме најдобриот албум што можевме“ – велат од групата.
Тие наскоро тргнуваат на светска турнеја каде ќе го претстават новиот музички материјал. Европскиот дел од турнејата започнува на 4 јуни во Севиља, Шпанија.
Денес тие ја објавија песната „Black Summer“, која е првиот сингл од нивниот претстоен албум.