Австралиската актерка Ребел Вилсон (42) направи значајна трансформација во периодот на пандемијата. Таа започна со напорни тренинзи за да дојде до посакуваниот број на облека, и доби сила за да излезе во јавноста и да признае дека била жртва на малтретирање во Холивуд, станала продуцент, која сама избира проекти и по неуспешната свршувачка со помалку познат актер, се заљубила во жена по име Рамона. Парот моментално е на одмор во Турција.
– Се здебелив. Изгубив секаква самоконтрола. Но, знаете што? Утре можам да станам и да одам во теретана, да пијам многу вода и да се хранам здраво и да се сакам себеси. Не помага да се биде само строг спрема себе, но знам како е да се чувствувате виновни и непријатно откако ќе јадете премногу. Но, ако сте како мене, само знајте дека вие не сте само вашата тежина, и вашата тежина не ве дефинира – сподели таа со следбениците.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/rebelwilson