Радио Милева гнев, горчина и непокор

Ребека: „Ако стоиме вака нема да им се стресат гаќите… Да го блокираме системот“! (ВИДЕО)

Ребека: „Ако стоиме вака нема да им се стресат гаќите… Да го блокираме системот“! (ВИДЕО)

„Ако стоиме вака, нема да им се стресат гаќите! Да го блокираме системот, од утре никој ништо да не работи”, порача пејачката Ребека Јанковска  вчера во својот говор на протестот пред  Македонското собрание.

„ Ви ги гледав лицата и знаете што видов, ви пишуваше: Смрт за Македонија. Срам да ви е! Знаете како? Имаме прекрасни пејачи и поети, прекрасна е Македонија. Анте Поповски вели: “…Немаме резервна татковина, Македонија ни е се, лулка и татковина!”. Вие се нарекувате Македонци? Која мајка ве родила? Предавници! Македонскиот народ никогаш никој не напаѓал. Ние на никого не му пречиме. Колку пари зедовте? Признајте!”, рече Ребека.

„На Гугл за нашите херои пишува: Бугарски Македонци. Европа не ја замислував ваква! Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на Македонски јазик и да не ги менуваат учебниците на моите деца! Тие нас ќе ни кажат од кога постоиме, не баре сме малоумни! Стотици години постоиме и ќе постоиме! Не можат да не сотрат!”, додаде таа.

Јанковска смета дека не се европски вредности тоа што Бугарија бара од нас да се откажеме од македонскиот јазик, историја и култура.

„Македонскиот народ е мирољубив и никогаш никој не напаѓал. Ние не ги окупиравме соседите Бугарите и никого не му пречиме и никого не уценуваме да зборува како сака и да се вика како сака. Па нели тоа беа европските вредности?“ – праша таа.

Таа додаде дека владата со овој француски предлог ја донесе и државата и граѓаните во ситуација на потчинетост, споменувајќи ја изјавата на Бујар Османи кога изјавил дека кога преговара за македонските национални прашања нема никакви емоции и побара оставка од оваа влада.

„Не донесовте во ситуација на потчинетост. Требаше одамна да кажете НЕ, гласно НЕ. Го слушнав еднаш Бујар Османи немал емоции кога разговарал и преговарал за прашањето за Македонија, немал никакви емоции, но извини нема да ви помине. Па каде си роден ти министре?“, праша пејачката.

Јанковска-Ристески потенцираше дека нејзино право е да е Македонка и да зборува на македонски јазик, порачувајќи дека не смее да има промена на историјата во учебниците.

To top