Мегафон Лига Европа:

Реал Сосиедад – Вардар: На „Аноета“ ќе напаѓаме со Барсегјан и Блажевски?

Реал Сосиедад – Вардар: На „Аноета“ ќе напаѓаме со Барсегјан и Блажевски?

Чедомир Јаневски, стратегот на Вардар, не ја отфрла можноста да игра со двајца напаѓачи на натпреварот во Лигата на Европа против Реал Сосиедад, кој вечерва (21.05ч) се игра во Шпанија.

Вардарци и така немаат што да загубат, туку може да добијат на натпреварот на „Аноета“. Притисокот ќе биде на страната на Сосиедад, кој ги посакува трите бода за пласман во наредната фаза од Лига Европа, а Јаневски, најави дека можно е да има двајца напаѓачи во составот.

Во одбранбениот ред и средниот ред не се очекуваат промени, а дилемата е кој ќе игра во нападот. Итало беше индиспониран на натпреварите во изминатиот период, па изборот се очекува да падне на Тигран Барсегјан, како „лажна деветка“, а поддршка да му биде Дејан Блажевски, кој ќе се трансформира во втор напаѓач при офанзива на „црвено-црните“.

МОЖЕН СОСТАВ НА ВАРДАР (4-2-3-1): Гачевски; Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Демири; Глигоров, Николов; Џигаури, Фелипе, Блажевски; Барсегјан.

Извор:Гол.мк

To top