Календарски дојде пролет, надвор еден ден владеат зимски температури, а еден ден наликува на пролет, потоа паѓа снег, па дожд…
Меѓутоа, снегот кој наврна, особено повеќе на планините, ја продолжи сезоната за скијање, па иако е време на пандемија, љубителите знаат да уживаат во авантурата на снег, чистиот воздух и мирот без гужва како вообичаено, а особено уживаат оние со викендички на такви места.
Познато е дека Мики Црнокарак е голем љуботел на скијање, планина и снег, па не го пропушти ова гратис ужување во април од природата. Тој деновиве скијше на Попова Шапка, а сега е на убавото снежно и сончево Маврово од каде објавува фотографии на социјалните мрежи.
Работата со манекенките, изборите за убавина, патувањата низ светот, како дел од работата на Мики, ќе почекаат.
Сончање, јакнење имунитет, позитивна мисла и здрав живот, ова е девизата на Мики.