Кристијано Роналдо е еден од најуспешните и најплатените фудбалери на денешницата, но неговото детство не било воопшто лесно.
Потекнувајќи од сиромашно семејство, славниот Португалец отсекогаш бил особено приврзан за својата мајка Марија Долорес, додека никогаш не бил близок со својот татко, кој починал на 53-годишна возраст од алкохолизам. Во него го виде главниот виновник за неговото несреќно воспитување.
‒ Беше пијаница. Никогаш не сум имал нормален разговор со него – призна во една прилика.
Роналдо еднаш зборуваше за најтешките моменти во својот живот во интервју за познатиот британски новинар Пирсон Морган.
‒ Кога имав 11, 12 години, немавме пари. Живеев со други деца во клубот, не го видов семејството со месеци и беше тешко време. Околу полноќ бевме гладни. До стадионот имаше Мекдоналдс. Ќе тропневме на задната врата и ќе прашавме дали останале хамбургери. Беше една и две други девојки кои никогаш повеќе не ги најдов. Се надевам дека ова интервју ќе помогне во потрагата по нив – изјави Роналдо. ‒ Би сакал да ги поканам во Торино или Лисабон, да дојдат кај мене дома на вечера. Сакам да им се оддолжам бидејќи никогаш нема да заборавам што направија за мене.
За периодот кога беше сиромашно, но насмеано момче сведочи и видео на кое го гледаме познатиот фудбалер како чисти по улиците.
фото:Принтскрин Јутјуб/Инстаграм