Раперот Стефан Ѓуриќ – Раста најави дека е принуден да има одложување на еден од следните настапи што требаше да ги одржи во рамките на неговата турнеја во Македонија.
Раста преку социјалната мрежа Инстаграм ги извести своите фанови кои планирале да дојдат во клубот дека наводно инспекцијата го затворила локалот пред неговиот настап.
-Инспекцијата го затвори клубот во Струмица каде што требаше да настапиме вечерва. Нов датум ќе објавиме кога ќе се укаже прилика, напиша Раста.
View this post on Instagram
Инаку, летната турнеја низ Балканот на Раста е во тек, а реперот е се почест гостин во нашата земја, па ниту овој пат не ја заобиколи Македоија и македонските фанови од својата агенда кои во моментов се на чекање.
Периодов исто така тој е во фокусот на јавноста поради скандалите поврзани со неговата екс- сопруга Ана Николиќ која исто така имаше закажани настапи во Македонија, но истите поради се’ она што и се случува беа откажани.
фото:Инстаграм принтскрин/Раста