Стефан Ѓуриќ Раста шокираше со својата животна исповед и со тоа што изјави дека на ќерка му Тара ќе и даде да проба марихуана кога ќе стане полнолетна. Освен ова, раперот откри дека подготвува проект во кој на својата сакана ќерка ќе и открие зошто нејзиниот татко бил во затвор, како и дека Ана Николиќ е неговата животна љубов.
Раста призна дека во затворот најмногу му недостигала ќерката, дека секој ден барал само слики од неа, но го откри и својот став за опијатите дали ги користи во станот, но и дали ги користи пред ќерка му…
„Секогаш се поставува прашањето, што ќе кажам кога таа ќе сака да проба или како ќе реагирам кога таа ќе се обиде. Имам експлицитен став, мислам дека не е апсолутно ништо лошо кога некој е возрасен и зрело размислува за нештата во животот. Мислам дека само тогаш нема ризик. Останувам на тој став, но додека да дојдеме до тие години, во светот тоа ќе се нормализира. Дотогаш ќе ја следам каде и да оди“ – вели Раста чиј став за марихуаната не е променет и по затворот.
„Мојот став не може да се смени. Мојот став за мојата казна е состојба што ја бара правната форма што ја имаме сега, но мислам дека тоа полека се менува и кај нас. Марихуаната неодамна е отстранета од листата на наркотици, па мислам дека работите одат во добра насока. Не користев марихуана во притвор. Навистина сè уште тврдам дека тоа е најголемиот лек на планетата направен и нешто што едноставно може да им помогне на луѓето. За тоа е свесен цел свет, се надевам и голем дел од Европа“ – изјавил Раста.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/stefanrasta/Момир Чубриловиќ/Милош Рафаиловиќ