Раперот Стефан Ѓуриќ Раста настапи на фестивал во Херцег Нови. Пред да излезе на сцената и да ги испее своите хитови пред публиката, тој разговараше со претставниците на медиумите.
Очекувано, она што сите ги интересираше е како гледа на аферата „Проверено“ во која главни актери се неговата поранешна сопруга Ана Николиќ и Милица Павловиќ.
„Генерално, никогаш не поддржувам никого во конфликтот, но сигурно секогаш ќе бидам на страната на моето семејство. Во овој случај, искрено, не ни знам каква е ситуацијата“ – вели Раста.
Тој откри и дали планира да сними дует со Ана и дали генерално има соработка меѓу нив.
– Возможно е, многу зборуваме за тоа. Кога имам песна и ја испраќам, и таа ми ја праќа, не е тајна дека разменуваме демо – вели пејачот.
Раста од неодамна е во љубовна врска со Марија Балабан, млада актерка, но тој се уште не сака да зборува за таа сфера од неговиот живот.
-Не би коментирал за мојот приватен дел од мојот живот – вели раперот.
Фото:ПРинтскрин/Милош Рафаиловиќ/Часлав Вукојиќиќ/Момир Чубриловиќ