Стефан Ѓуришиќ Раста одлучи да стави крај на бракот со Ана Николиќ.
Стефан беше гостин во емисијата „Амиѓи шоу“ кој требаше да прифати некаков предизвик или да одговори дали чувствува нешто кон неговата поранешна сопруга.
„Можам ли јас да ги јадам овие бонбони?“ изјави Раста, кој не сакаше да одговори на прашањето за Ана Николиќ.
Раста на крајот одговори на прашањето во каков однос е со Ана.
„Во каков однос да бидам со некого со кого имам ќерка. Тара има една година и шест месеци, а со Ана се согласувам. Се што ми велеа луѓето, не бев свесен за тоа, многу сум повреден, тоа е ниско ниво на заљубеност“ објасни Стефан во емисијата „Амиѓи шоу“.