Радио Милева е во притвор само затоа што е јавна личност?

Раста поднесува тужба против Србија: Aдвокатот на раперот се огласи и откри за што се работи

Раста поднесува тужба против Србија: Aдвокатот на раперот се огласи и откри за што се работи

Стефан Ѓуриќ планира да поднесе тужба против Србија бидејќи е во притвор 83 дена поради наводна продажба на наркотици.

Раперот смета дека незаконски е зад решетки и поради тоа ќе поднесе тужба против Србија. Оваа информација ја потврди и адвокатот на Раста, Урош Милосављевиќ.

„Ако на крајот испадне дека Стефан не е виновен, тој има право да бара отштета од државата за материјалната и нематеријалната штета која му е нанесена.

фото: дамир дервишагиќ

„Мојот клиент има право на тужба и надомест на штета, што ќе биде платено од државниот буџет”. Сепак, доколку биде осуден, тој нема право на надомест на штета, па сето тоа зависи од казната што ќе му биде изречена “, вели правниот застапник на Раста, кој е убеден дека раперот е во притвор толку долго само затоа што тој јавна личност.

„Стефан е незаконски во притвор. На него не му е местото таму. Обвинителството тврди дека тој продавал дрога, а ние велиме дека станува збор за мала количина која ја користел за свои цели. Не постои доказ дека тој продавал дрога, а тие поради тоа го чуваат во притвор. Седи во ќелија само затоа што е јавна личност, а се тоа за да се испрати порака до луѓето дека нема привилигирани лица“, вели адвокатот.

фото: ата имагес

Ана Николиќ и Раста се договориле на нивната ќерка Тара да не и кажуваат дека тој е во притвор туку дека е на турнеја и дека ќе се врати во Србија.

Адвокатот тврди дека короната е дополнителна причина зошто постапката против Раста трае толку долго.

„Претпоставувам дека сè е забавено заради короната, бидејќи ништо не е сторено два месеци. Чекаме да започнат работите, но јас одговорно тврдам дека пандемијата го забави процесот. Стефан останува во Централниот затвор до крајот на годината. а потоа апелациониот суд ќе одлучи дали ќе го задржи во притвор“, вели Милосављевиќ.

To top