Радио Милева донесена пресуда

Раста осуден на една година домашен притвор поради поседување на наркотици

Раста осуден на една година домашен притвор поради поседување на наркотици

Познатиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста денеска во Првиот основен суд во Белград потпиша договор за признавање на вина за нелегално поседување дрога, која, како што рече, ја имал со себе за лична употреба.

„Конечно сè заврши. Ми пресудија една година домашен притвор“, изјави кратко раперот по напуштањето на судот.

фото: деајн бриза/ало

Тој исто така за „Ало“ изјави дека потпишувањето на договорот поминало во најдобар ред, дека немало проблеми во судницата и дека станува збор само за формално официјализирање на крајот на судењето иницирано поради кривично дело недозволено поседување наркотици .

Потсетуваме, пред скоро половина година раперот беше уапсен кога полицијата кај него пронајде 5 грама спакувана марихуана, а потоа при претрес во станот, уште еден килограм од споменатата наркотична дрога.

To top