Македонската поп пејачка со руска душа Викторија Лоба имаше година за паметење. Нејзе рози и цветаа и на професионален и на приватен план. Затоа нашата „рускаја дјевушка“ годината ќе ја финишира со свое музичко шоу за незаборавна Новогодишна вечер!
Ама пред тоа, сексапилната блондинка мора да си ги доодработи спонзорските обврски. Една од поважните, рекламирањето на ноќниците и долната облека за најпознатиот македонски бренд.
Затоа Лоба соблечена во пиџами со отворено деколте, ја легнаа среде бел ден во продавницата на брендот кој го рекламира во еден скопски мол! И сите што минуваа можеа да ја видат како пејачката распослана лежи заради реклама… Ама чекајте… Нееее… ако помисливте дека Лоба навистина цел ден лежеше, тогаш не сме се разбрале.
Всушност лежеше и ќе лежи и понатаму, ама само на рекламниот билборд во природна големина… Секако, како дел од рекламната кампања на брендот кој го рекламираше цела 2017 година.
А кога сме веќе кај брендот и лежењето и не само лежењето на сексапилната Лоба… Погледнете го уште еднаш рекламниот видео трејлер, освежете ја меморијата и потсетете се… Колку само секси изгледаше „руската дјевушка“… Можеби ќе ве поттикне или ќе ви даде идеја да посакате веднаш да набавите за новогодишен подарок или за себе да имате едно парче… да се проба од брендот на Лоба… Па што чини – да се плати! Ако треба, со се билборд!