Мегафон

Распишан конкурсот за нови композиции на “Макфест 2023”

Распишан конкурсот за нови композиции на “Макфест 2023”

Објавен е конкурсот за нови композиции за 38-то издание на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест” во Штип. Како што велат организаторите, годинешното издание ќе се одржи кон средината на месецот октомври 2023-та, а за време на одржувањето на фестивалот е предвидено да се врши директен пренос на некоја од националните телевизии во Република Македонија.

Општина Штип во својство на организатор и покровител, на крајот на натпреварувачката вечер ќе додели три афирмативни музички награди без паричен надоместок, односно:

  • Награда за највпечатлив спој на мелодија и аранжман “Драган Ѓаконовски – Шпато” ќе се додели согласно одлуката донесена од страна на Стручната жири комисија и присутната публика.
  • Награда за највпечатлива вокална интерпретација, ќе се додели согласно одлуката донесена од страна на Стручната жири комисија и присутната публика.
  • Награда за највпечатлив дебитантски настап на Фестивалот, ќе се додели согласно одлуката донесена од Стручната жири комисија и присутната публика.

За сите оние кои што се заинтересирани, автори, композитори, натпреварувачи/учесници, текстописци… може слободно да се пријавите и да аплицирате на конкурсот со клик на следниот линк: Пријави се за “Макфест 2023”.