Мегафон фестивалска најава

Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2022“

Распишан конкурс за Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2022“

Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по 29-ти пат распишува конкурс за нови композиции, што ќе го имаат премиерното издание на 2 и 3 септември, преку Фолк и Интернационалната вечер, на најубавата сцена на Балканот, Долни Сарај во Охрид.

Фолк- вечер ќе се случува на 2 септември и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори – од регионот и пошироко. Интернационалната вечер е закажана за 3 септември 2022 година.

И годинава фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 29-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер. Демо-снимките од нивните композиции треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара.

Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2022“ се: * Да се испрати демо-снимка и текст на македонски јазик; * Наслов на композицијата; * Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк, Интернационална); * Композициите да не се изведувани; * Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации.

 

На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството, а рокот за поднесување на пријавите е 20 мај 2022 година. Своите композиции авторите треба да ги испратат на следните адреси: [email protected], [email protected] и [email protected]

To top