Најмладиот член на Кардашијан кланот е ѕвездата на новото издание на престижниот магазин Architectural Digest, во кој и откри на јавноста како изгледа нејзината луксузна куќа, која се наоѓа во затворена населба во „Hidden Hills“ – Лос Анџелес.
Кајли Џенер со повеќе од 125 милиони обожаватели на “Инстаграм” сподели фотографии од нејзиното љубезно гнездо во Лос Анџелес, кое за првпат беше прикажано во новото издание на магазинот.
“Кајли Џенер е врвна личност со големо влијание. За некој кој толку многу постигнал со толку малку години, тоа е неверојатно”, вели Лоренс Булард, дизајнер на ентериерот, кој и помогна на Кајли да создаде дом достоен за статусот на идна млада милијардерка.
Оваа луксузна оаза се наоѓа во близина на домот на нејзината мајка и менаџер Крис Џенер.
Погледнете: