Радио Милева

Раскинаа пред венчавка: Славната џет-сетерка не го враќа скапоцениот прстен, а тој го бара назад

Раскинаа пред венчавка: Славната џет-сетерка не го враќа скапоцениот прстен, а тој го бара назад

Парис Хилтон ја раскина свршувачката со Крис Зилка. Двојката се сврши кон почетокот на годината додека беа на зимување, а Парис во интервју кажа дека конечно го нашла човекот на својот живот. Долго се познаваа, а во последните неколку години беа во врска.

Сепак, иако требаше да се венчаат, како што пренесуваат странските медиуми, на нивната врска и дошол крајот.


-Парис раскина со Крис пред неколку недели. Нивниот однос се промени за краток период, а таа сфати дека не се еден за друг. Раскинаа, му посака се најдобро и му порача дека сака да бидат пријатели, вели извор. Сепак, порталот ТМЗ пренесува дека двојката не баш се разделила по мирен пат. Парис го задржала скапоцениот прстен со кој ја запросил.

Износот на дијамантскиот прстен изнесува два милиони долари. Според медиумот, Крис го сака назад прстенот, сега за сега ниту еден од нив двајцата не се огласил да потврди или демантира.

To top