Хармоникашот Аца Софронијевиќ беше во долгогодишна врска со водителката Сања Ќулибрк со која се вери. Иако многумина мислеа дека ќе ја однесе водителката до олтарот, тоа не се случи, а тој сега ужива во љубовта со згодната докторка.
Имено, Аца уште летово објави слика со новата девојка и сите забележаа колку е привлечна и убава.
Кога се појави веста дека хармоникашот повторно е во врска, тој потврди, не сакајќи да елаборира:
– Имам, таа е нормална и топла девојка, но не ме прашувајте ништо повеќе бидејќи не сакам да зборувам за тоа. Во оваа прилика се огласи и поранешната свршеница на Аца, водителката Сања Ќулибрк, која имаше јасна порака упатена до нејзиниот поранешен партнер:
View this post on Instagram
– Иако со години сум во медиумите, знаете дека не сум некој што го сака овој тип на медиумско внимание, па затоа моите љубовни избори не ги доживувам како пазар и дека секој треба да знае се. Не сакав ни да објавам дека се веривме, па не знам зошто би коментирала на ова – изјавила Сања за „Гранд“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм