Радио Милева
пукна тиквата

Раскина најпопуларната туска двојка: Ханде Ерчел и Керем Бурсин ставија крај на врската?

Раскина најпопуларната туска двојка: Ханде Ерчел и Керем Бурсин ставија крај на врската?

Ханде Ерчел и Керем Бурсин или познати како Еда и Серкан од „Немирно лето“ не беа во љубовна врска само во серијата, туку и во приватниот живот.

Отогаш, нивната врска е под будното око на турските медиуми, па се следи секој нивен чекор. Така, во последно време се пишува дека популарната двојка раскинала.

Овие гласини започнаа кога парот не објави заедничка фотографија за Нова година. Меѓутоа, Ханде и Керем биле заразени со коронавирус, па 2022 година ја дочекале во карантин.

Меѓутоа, турските медиуми сега пишуваат дека двојката навистина раскинала. Како што се пишува, Керем се трудел да се смират и да останат заедно, но наводно Ханде одлучила дека е време да раскинат. Таа дури се доверила и на своите најблиски пријатели.

Шпекулациите за нивното раскинување започнале  претходната недела кога Ханде го прославила роденденот на нејзината сестра без присуство на Керем.

Наводно, популарната турска двојка ставила крај на нивниот брак, но останале во добри односи.

Тие не се огласија по повод овие пишувања.

фото: Credits: IMDB/инстаграм/handemiyy/the bursin

Останати вести од Радио Милева