Радио Милева

„Ране“ е најновата песна на Анастасија Ражнатовиќ од Дарко Димитров, која за само девет часа има милион прегледи(видео)

„Ране“ е најновата песна на Анастасија Ражнатовиќ од Дарко Димитров, која за само девет часа има милион прегледи(видео)

Младата пејачка и наследничка на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, изминатиот викенд ја промовираше својата втора песна насловена „Ране“, која наиде на одличмни реакции кај публиката.

Таа преку социјалните мрежи се пофали дека успеала да дојде до импозантен резултат кога е во прашање преслушувањето на песната.

фото:инсатграм/анастасијаражнатовиќ

Анастасија, не може да верува дека „Ране“ достигна милион прегледи во рекордно време, па се огласи на својот Инсатграм профил.

-За само девет часа песната „Ране“ достигна милион прегледи. Пресреќна сум и многу ви благодарам! – наведе пејачката, додека песната веќе ја има втората позција на „трендинг“ листата на Јутјуб во Србија.

Како и првата, така и втората песна е на композиторот Дарко Димитров, а текстот на Милан Радуловиќ.

Поврзани теми

To top