Актерот Рами Малек на „Оскарите“ доби награда за улогата во филмот „Боемска рапсодија“.
Овој актер кој порано работел во ресторан, едвај добивал улоги.
За неколку години стана еден од најбараните актери во Холивуд, а малку му недостигало да се откаже од глумата.
View this post on Instagram
Yessss, well deserved?? #ramimalek #oscars2019 #bohemianrhapsody #winner #bestmaleleadingactor
Рами е роден во 1981 година, а неговите родители се со египетско – грчко потекло.
Има брат близнак, а тоа неговиот брат знаел добро да го искористи. Имено, во училиште Рами одел на испити место него и успешно ги поминувал.
Меѓутоа, како што признал во детството не бил многу среќен.
Некогаш доставувал пица и сонува за актерска кариера. Во еден момент почнал да добива улоги, но бил во петти план.
Имено, го забележал Том Хенк кој го земал под своја заштита.
Кога на 91 издание доби оскар изјави:
„Оф, Господе. Мајка ми е тука некаде. Те сакам мамо. Татко ми не го дозволуваше ова, но знам дека ме гледа одгоре. Така сум благодарен на сите, на сите кои ми помогнаа да дојдам тука.Благодарам на сите, не сум вистински избор, но ете успеа“ изјави Рами.