Радио Милева генијот на лесните ноти на слобода

Рајко Дујмиќ излезе од затвор и замина право во болница на лечење: Неговата мирна и весела природа дрогата ја претвори во агресивен ѕвер

Рајко Дујмиќ излезе од затвор и замина право во болница на лечење: Неговата мирна и весела природа дрогата ја претвори во агресивен ѕвер

Во последните месеци сите медиуми во Хрватска и регионот ја објавуваат животната драма на еден од најголемите текстописци, композитори и музичари во историјата на хрватската музика, Рајко Дујмиќ. Дујмиќ „го прослави својот 65-ти роденден“ во затвор, бидејќи е осомничен за кривично дело на штета на долгогодишната сопруга на Снежана (тие се во брак од 1990 година) – пишува Слободанка Далмација.


Проблемите што музичарот и член на „Нови Фосили“ претходно ги имал со алкохолот, дрогата и агресијата ескалирале на почетокот на јули, кога Снежана пријавила дека била тепана и и’ се заканувал во нивниот стан во Загреб, по што бил одведен во полициска станица. Дујмиќ таму тврдел дека не се сеќава на ништо, бидејќи бил многу пијан и му бил одреден притвор кој му  бил продолжен после 1-ви август.

Исто така, беше објавено дека во притворот на музичарот е забележана многу лошата здравствена состојба – тој, наводно, имал проблеми со дишењето и имал потешкотии при одење, па лошо поминал сè додека не бил пуштен денес, – објавуваат 24 часа.

За истиот портал, пријателот на Дујмиќ, Ненад Нинчевиќ, потврди дека музичарот од притворот отишол директно во болница на лекување. Адвокатот на Рајко Дујмиќ, Сандра Ханчиќ, открива дека рајко секој ден го започнува со: „Како е Снежана?“

“Рајко веднаш штом го напушти затворот и по многу години звучеше стабилно и нормално. Тој замина во болница на лекување на своја иницијатива. Никогаш не бил толку цврст и решен да се ослободи од сè” – вели сплитскиот текстописец за 24 часа.

Тој додал дека Рајко бил духовно исцелен во затворската болница Светозимунска и дека е значително ментално подобар од претходните месеци, а сега сака да го доведе и своето тело во ред – пишува Слободна Далмација.

Фото: Срѓан Вранчиќ/ Кропикс и Инстаграм принтскрин

To top