Радио Милева

Рафаел Надал по 14 години врска ја запроси девојката која мрази слава (фото)

Рафаел Надал по 14 години врска ја запроси девојката која мрази слава (фото)

Рафаел Надал (32) ќе застане пред олтар! По 14 години врска тенисерот колена пред неговата девојка Мери Перело (32) и ја запроси.

Луксузна свадба ќе се одржи на есен во Мајорка, а среќната двојка запросувањето го чуваше во тајност  осум месеци, пишува „Hola“

Тие се заедно од 2005 година, но  се запознале многу порано. Мери е дипломиран финансиски експерт и работи како проект-менаџер за хуманитарната организација на Надал.

foto: REUTERS

За време на Австралија Опен, каде што Шпанецот беше поразен во финалето од  Новак Ѓоковиќ, таа го бодреше својот свршеник од трибините. Сепак, тоа не е едена од познатите партнерки на спортистите кои се секогаш близу  теренот. Пред неколку години, таа откри зошто не ја гледаме на натпреварите на Рафа.

“Му треба простор кога игра и самата идеја секогаш да му бидам близу и постојано да го чекам, кога му треба нешто, ме исцрпува”, рече таа додавајќи:

– Тоа ќе ме гушело, а потоа тој ќе мора да се грижи за мене … Не. Ако го следам на сите турнири, мислам дека постои опасност дека нема да траеме долго заедно.

Таа не е типична жена на спортист, дури и кога станува збор за социјални мрежи и нема официјален профил на некоја социјална мрежа.

foto: ADNAN ABIDI

“Тоа не е свет за мене, а Рафа не би избрал жена која сонува за таков живот”, објасни во една прилика.

To top