Пејачката Јована Пајиќ, откако стави крај на бракот со пејачот Сале Тропико, живее со ќерките Хелена и Џина на кои им е целосно посветена, а јавноста засега не знае дека Јована влегла во нова романса.
И покрај сите обврски, Јована и нејзините ќерки решиле да посвојат мачка која набрзо станала најмладиот член во семејството.
Според објавите на социјалната мрежа Инстаграм, може да се заклучи дека миленикот донесе многу радост, како и дека Хелена и Џина се воодушевени од нивниот нов пријател.
– Брзата реакција и среќата може да започне! Го поздравуваме Рале „the raccoon!“ Кога вашето срце ќе заигра од фотографија, нема многуразмислување. Се јавуваш и велиш: „Ќе го земам!“ Малку е потребно за среќа – децата се среќни, јас сум среќна, а едно мало суштество доби дом и семејство. Ги има толку многу што можеме да ги посвоиме, веќе постојат, тука се но немаат каде да одат. „Гушнете“ еден од улицата и збогатете го животот со неизмерна љубов! – напиша Јована на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram