Дарко Лазиќ оди во војска! Фолкер добил покана за резервниот состав на војската на Србија и вели дека едвај чека да ја облече униформата.
Пејачот кој едвај ја извади жива глава по сообраќајната несреќа во октомври 2018 година, верува дека по обуката ќе биде „како нов“.
„Добив повик за резервниот состав на војската, по кој навистина бев изненаден. Не служев воен рок, па не ни очекував повик, но не ми пречи. Тоа е одлично за мене! Едвај чекам да одам на таа обука, да се средам. Треба само да научам што е дисциплина“ – вели Дарко за Информер.
Без оглед на тоа што е поканет на обука која трае само седум дена, Лазиќ размислува за големо испраќање. Најблиските мора да ме испратат како што треба, па дефинитивно да се поздравиме како некогаш.
Ќе биде вистинска забава, важно е секогаш да имам причина за славење. Ќе ја поканам половина естрада, ќе ни пее и кумата Андреана Чекиќ. Се’ уште не знам кога ќе биде прославата, поканата штотуку пристигна“ – објаснува пејачот кој многу не се грижи како ќе се снајде во воената униформа.
„Ќе ми биде одлично таму! Можам да им бидам и готвач, не мора да земам пушка во раце. Јас сум вешт во кујната и сакам се’ да подготвувам, па со мене сигурно убаво ќе се најадат“.
Инаку, Дарко Лазиќ по втор пат ќе биде во униформа, па веднаш се пофали на Инстаграм и ги замоли колегите да го испратат во војска со песна.
„Колеги, има ли некој слободен да ми пее на испраќањето во војска? Кажете ми“ – праша пејачот на социјалните мрежи.
Лазиќ досега само еднаш има облечено воена униформа, кога со кумата Андреана Чекиќ снимаше спот за песната „Ти си живот, а и грешка“.
Foto: Zorana Jevtić/ Shutterstock/You Tube и Инстаграм принтскрин/darkolazicofficial