Македонската мисица, манекенка и модел Билјана Јаневска е светски феномен. Една од ретките исклучоци кои го потврдуваат правилото, дека „убавината и умот“ можат да одат заедно, што го докажала и со тапија. Таа е дипломиран инженер по екологија и Магистер за управување со отпад! Веројатно единствената мисица и манекенка која верувале или не, работи на депонија!
Имено, Билјана однеодамна е вработена како „Советник за подготовка и спроведување на развојни проекти“ во ЈП депонија „Дрисла“! Можеби единствената на светот која ја нашла хармонијата во спојот на убавината и депонијата!
Навидум чудно, но вистинито, зашто за оваа млада девојка очигледно животот во секој поглед има смисла, па не и пречи една мисица да работи во „Дрисла“! За новот работно место Билјана ќе изјави дека тоа и е како втор дом и не се срами в раце ако треба да земе и метла, зашто се’ додека чесно заработуваме, нема од што да се срамиме.
Убава, згодна, привлечна сексапилна… но и природна, отворена, искрена, постојано насмеана младата убавица плени не само со изгледот, туку и со својот шарм и непосредност.
Неодамна Билјана беше учесничка на првиот виртуелен, инаку 23-ти интернеционален избор за „Мис туризам“ кој ќе се одржи на 17 јануари 2021 година во Малезија, каде го освои 15 -тото место помеѓу преставничките од вкупно 31 земја ученик.
На 26-ти јуни 2021 год. Билјана одново ја преставува Македонија, овој пат на големото финале за „Miss Model World“ кое одново заради корона пандемијата ќе се одржи виртуелно, овој пат во Јамајка.
Иако и овој пат не добила финансиска подршка од државата, македонската мисица и нејзината модна агенција „Пантер моделс“ се снаоѓаат како знаат и умеат: партиципацијата платена од анонимен обожавател од Јамајка, фустаните донирани од модната креаторка Јасмина Дракул, накитот, поточно охридските бисери изработка и подарок од познатото семејство Талеви…
И додека мисицата го чека остварувањето на уште еден сон, вредно и секојдневно и е посветена на работата во нејзиниот „втор дом“ – депонијата Дрисла.
Во меѓувреме, додека камионите со отпад доаѓаат и си заминуваат, таа чека однекаде да се појави и нејзиниот „принц“… Не на камион, туку на бел коњ! Билјана смета дека време и е за брак, семејство и дечиња… Време е да „долета штркот“!
А, во меѓувреме…? Можеби уште понекоја титула за убавина? Можеби пред да стане нечија сопруга и мајка, на мисицата од „Дрисла“ ќе и се насмее круната од Јамајка!?
Фото: Инстаграми фејсбук принтскрин/biljana_janevska