Радио Милева на пат кон рајот

Викторија Лоба со свршенички прстен на рака: „Ти кажувам ќерко, сети се зете“! (ФОТО)

Викторија Лоба со свршенички прстен на рака: „Ти кажувам ќерко, сети се зете“! (ФОТО)

Викторија Лоба во моментов е во САД.  Деновиве пишувавме за целта, локацијата, придружбата на нејзината посета на оваа егзотична дестинација, ама сепак една работа остана нејасна. Локацијата ја лоциравме – Mајами, придружбата исто така – пејачката е таму со истиот човек со кој и дома во Скопје, ја дели локацијата… за животен престој или заедничкото живеалиште, аам целта на патувањето остана енигма: работа или чисто прошетказаради задоволство?

Но, она што осамна во вид на најнови фотографии на нејзиниот Инстаграм профил ја става јавноста не само во дилема, туку и во недоумица: Да не е нешто сосема трето во прашање?

Имено, Лоба се појави на фотографиите со невестински мини букет и веренички прстен на рака!

Патем, покрај  една од од фотографиите е прикачен и нејзиниот пост, во кој има многу симболика, а вели: „На пат кон рајот“!

Тогаш, логично е да се запрашаме дали целта на патувањето во Мајами на Викторија Лоба и нејзиното момче не е токму „пат кон рајот“? Оној, животниот, се разбира!

Но, веднаш потоа, се појави и кусо видео на кое Лоба ја откри причината за покажувањето на вереничкиот прстен и не само него, на својата рака!

Имено, се работи само за рекламна кампања на една позната јувелирница за злато, златен накит и скапоцени камења… во која пејачката е главниот лик!

Ама кој да знае? Кога веќе се на „пат кон рајот“ со момчето со кое ионака веќе подолго се во врска, а и живеат заедно, можеби со оваа реклама Лоба сакаше и да го потсети, по теркот на онаа народната: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“… или поточно, сети се зете!

 

To top