Меган Маркл и Хари во интервјуто за Опра Винфри истакнаа дека сакале нивната свадба да биде нивна приватна работа.
Војводата и војвотката од Сасекс во интервју за Опра открија многу непознати детали. Парот откри кој е полот на бебето кое го чекаат, дека Кејт Мидлтон ја расплакала Меган пред венчавката, дека дел од кралското семејство се плашел колку ќе биде темна кожата на синот Арчи, каков е односот меѓу кралицата и Меган, но и дека го изговориле судбоносното „да“ и пред романтачината церемонија во Виндзор.
Маркл откри дека таа и Хари се венчале во дворот три дена пред свадба која ја гледаше цел свет.
„Никој не знае за тоа, но ние го повикавме архиепископот и му рековме: Ова е спектакл за светот, но ние сакаме.
заедницата да биде наша“, изјави Меган.