Радио Милева

Тијана по 15 години засвири на виолончело и прати силна порака: „Дигиталните (не)луѓе нека пронајдат барем една работа на која ќе бидат горди“! (видео)

Тијана по 15 години засвири на виолончело и прати силна порака: „Дигиталните (не)луѓе нека пронајдат барем една работа на која ќе бидат горди“! (видео)

Евровизиската еуфорија и коментарите околу истата, како и пласманот на Македонија и Тамара Тодевска, се уште не спласнува.

Силните чувства на гордост, измешани емоции со солзи и радост, особено се присутни кај најблиските на пејачката Тамара Тодевска.

фото:принтскрин/инсатграм/тијанадапчевиќ/ за глориа

Нејзината сестра и музичар, Тијана Дапечвиќ, како на социјалните мрежи, така и во српските медиуми имаше многу да сподели со јавноста околу настапот и пласманот на сестра си и Македонија на Евровизија.

Но, веројатно се почувствува недокажана, па на својот Инстаграм профил објави снимка на која по 15 години засвири на виолончело, а сигурно не случајно ја свиреше „Proud“.

Сепак, главната поента не беше да се покаже како свири, туку имаше порака која им ја упати на сите кои имаа негативни коментари и прашања кон неа поврзани со Евровизија и Тамара.

фото:Инсатграм/тијанадапчевиќ/принтскрин

 

Тијана , зошто толку пишуваш за сестра ти?“, „Каква Северна Македонија???“, „Не пишувај така , подобро остани во Србија?“, „ Зошто не се вратиш во таа Македонија која веќе толку ја сакаш?“, „Дијаспората не издаде…“

Е сега јас вас нешто да ве прашам : Дали вие ја слушнавте таа песна? М? Дали навистина ја слушнавте или само онака ја претрчавте? Или не ни умеете повеќе да слушате , ни себе, ни некој друг.

А сега да одговорам на вашите прашања:

„Proud“ е она кога твојата сестра на 6 години гледа Евровизија и вели ” И јас ќе пеам тука”, иако појма нема ни кој е самата таа во моментот , а не пак што е Евровизија.

„Proud“ е кога сме со месеци сите како на игли додека се одбира песна, фустан, настап и додека се исчистат сите добри намери од лоши идеи, за да на крајот се добие настап од кој времето застанува.

„Proud“ е кога таа ќе дојде на сцена,а јас имам впечаток дека се дошло. И како да никој пред неа не бил тука.

„Proud“ е кога камерата ќе прикаже полн кадар на почетокот на песната и кога ја гледам право во очи и гледам дека тоа е тоа, дека нема потреба да се грижам, иако неколку секунди пред тоа не можев да дишам од трема.

„Proud“ е кога после настапот почнуваат да стигнуваат овации од сите страни, позиви, пораки, солзи, смеење, навивање.

„Proud“ е кога знаеш дека секогаш имаш на кој да се потпреш.

„Proud“ е кога по 15 години го земам виолончелото и апсолутно не ме интересира дали се провлекол некој фалш, бидејќи сакам уште еднаш (на свој начин) да покажам дека сум горда на себе, Тамара, целиот свој народ (а тој е на многу места ширум розевите линии на атласот) и на сите оние кои не се откажуваат од себе и своите соништа.

А овие дигитални (не)луѓе ,нека пронајдат барем една работа на која ќе бидат горди и се одеднаш ќе има поубава смисла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on

To top