На синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска беше избрана да ја испее македонската химна. И го стори тоа, со своја верзија, од која беа исфрлени стиховите: „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, кој во последната официјална верзија на химната од 1991 година се повторуваат четири пати.
И покрај тоа што не функционираа Фејсбук и Инстаграм, па веста релативно доцна се прошири, рекациите на социјалните мрежи беа силни и бурни, па дури и на официјалната Фејсбук страница на Американската амбасада во Скопје..
Но, меѓу нив изостанаа реакции од државниот врв кој присуствуваше на настанот, како претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, кои се гледаат во првите минути од видеото.
Напротив, тие аплаудираа на ваквата скандалозна изведба на македонската национална химна.
За Тамара и за сите кои ја сквернават националната македонска химна, ова е текстот, востановен во 1991 година.
Химна на Република Македонија
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!