Радио Милева

Таа е единствената водителка која не возврати на критиките на Сергеј Варошлија и ги прифати неговите совети

Таа е единствената водителка која не возврати на критиките на Сергеј Варошлија и ги прифати неговите совети

Во емисијата „Мода“ на водителот и моден гуру Сергеј Верошлија, мета на критика беа доста јавни личности, од пејачки, водителки, блогерки…

Повеќето од нив му се налутија, а по неговите остри критики со ист удар му возвратија преку социјалните мрежи, за потоа да му испратат и тужба на сметка на тоа што јавно ги критикиуваше и опишуваше во својот препознатлив саркастичен стил.

Една од оние кои се најдоа на „тапет“ за критика и тоа неколкупати, беше и ТВ водителката Јелена Спенџарска за која Сергеј исто така не се штедеше да и појасни каде и се недостатоците, од фацијалната експресија, шминката, фризурата, изборот на комбинации.

Но, Јелена за разлика од останатите дами кои се јавни личности, е единствената која не се огласи по неговите остри коментари на сметка на изгледот, барем јавно,  туку напротив по некое време ја прифати критиката и го промени она што тој и го посочи.

Па така во едно од поновите изданија на емисијата „Мода“, Варошлија издвои неколку фотографии од Спенџарска за кои ја пофали како се променила, а притоа дополнително и посочи дека многу повеќе и прилега „уличната мода“ односно „street style“ изгледот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA SPENDZARSKA (@jelenaspendzarska) on

Очигледно Спенџарска научила како да прифаќа критика, а со тоа  да биде единствената која помина без тужба и навреди.

фото:инстаграм

видео:јутјуб 1ТВ

To top