Некогашната македонска ТВ водителка, сега пилатес инструкторка, нема повеќе да биде некогашна. Имено, Снеже велков прд некое време најави, а сега полека го реализира новиот ТВ проект со кој се враќа пред камерите.
Како што вели самата најава, се работи за телевизиски формат во хумана мисија. Со единствена цел – вараќање на насмевката на загрижените лица. Како не има побаеги, изборот нема да биде и некој проблем…
Проектот на згодната водителка е насловен: „ВИП на еден ден“ и неговата суштина е лицата од ранливите категории или оние кои не можат да си дозволат скапи козметички третмани, фризерски, маникирско-педикирски, стоматолошки, рекреативно-спортски… или било каков друг вид услуги, третмани или парчиња облека, обувки, акцесоари… кои ги вообичаено луѓето покрај останаттото ги прават среќни и задовлни, или што би се рекло: барем на еден ден да се почувствуваат како „луѓе“. Како вистински ВИП личности во својот живот!
Проектот и неговата идеја звучат интересно, водителката уште поинтересна, особено по долгата апстиненција пред камерите, па затоа и овој нов реален ТВ формат ветува дека ќе побуди голем интерес кај гледачите.
На Снеже и екипата им останува убаво да го спакуваат и на интересен начин да му го презентираат на ТВ аудиториумот. За „ВИП на еден ден“ да биде повеќе од ВИП и уште повеќе од програма за едно гледање! Конечно докажано е дека народот сака реални шоуа, особено ако во нив може да се препознае себе си!