Различен, а едноставен, ѕвезда, а толку достижна, вака би изгледал краткиот опис за прерано починатиот актер и музичар Влатко Илиевски.
За неговата личност, дела, харизма, љубови, анегдоти… вчера на 1ТВ во студиото говореа момците од „Акустик дивижн“ со кој Влатко настапуваше на неговите последни настапи, а соговорничка беше и актерката Силвија Стојановска која го познаваше не само како колега, туку и како пријател, свој и на нејзините ќерки Ана и Јана Стојановски.
Силвија евоцирањето спомени за Влатко со грутка во грлото и солзи во очите, го започна од моментот кога го видела со ќерка си Ана и кога дознала дека се во врска.
Сплет на околности, се запознаа и започнаа детска, емотивна љубовна врска, има 15 години од тогаш. Многу ме потсетуваше на Ана, како нејзина втора половина. Иста коса, очи, насмевки. Влатко беше многу позитивен“, вели таа. „Кога почна да доаѓа во театар, коментарите за него беа овој Влатче многу воспитано дете“. Влатче знаеше како фурија да се појави и да исчезне, ќе направи убава енергија, ќе ги шармира сите околу него и ќе замине. Ме викаше „мамо“. Не можам да се помирам со тоа дека никогаш повеќе нема да се гушнам“,кажа Силвија пред камерите на 1ТВ.
Иако имале детска љубов како што вели актерката Стојановска, за Влатко и Ана медиумите не престанаа да пишуваат уште многу години подоцна, а осамнуваа и наслови дека Ана му е врежана во срцето на Влатче.
Велат дека поранешните партнери, не можат да останат пријатели, но за нив двајцата не беше така. Често можеше да ги сретнеш низ град заедно или како седнале на пијачка во парк „Кај Вршац“.
Ана и до ден денес не е често активна на социјалните мрежи, но затоа тој постојано знаеше да и поласка со некој коментар и да и покаже дека му значи. За неа пишуваше вака:
Драги пријатели, морам да ви го покажам најубавото нешто, суштество што постои на оваа наша планета земја. Чест ми е што ја познавам лично Ана Стојановска, напиша Влатко на Фејсбук во месец септември минатата година.
Имаше многу девојки, а исто на толку многу им беше симпатија, но никоја не остана запишана како негова сериозна девојка, но често споменуваше и откриваше дека неговата сакана треба да личи на актерката Мила Јовович, моделот Жизел Бундшен, принцезата Дајана и други.