Заради коронапандемијата иако македонската естрада речиси и да не еактивна кога се нејзините вообичаени активности во прашање, естрадните ѕвезди сепак не мируваат. Покрај понекое студиско снимање во музичките студија, „чат-пат“ понекое видео или ТВ емисија, трач муабетите, озборувањата, аферите, скандалите… отсекогаш биле интерсни за јавноста, особено кога доаѓаат или се поврзани за јавните личности.
Како што веќе објавивме, една такава вербална „мини естрадна војна“ се случи помеѓу двете наши фолкерки: Сања Сани Гроздановска и нејзината имењачка, Сања Барби Цинцева. Јавна прозивка на едната од страна на другата, заради наводно претходно искажано мислење и муабети на сметка на првата ги заострија односите помеѓу кумановката и струмичанката, или барем така навидум изгледаше.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/sani-grozdanovska-javno-ja-podbra-sanja-barbika-dali-si-gi-izmi-zabite-pred-da-go-spomnuva-moeto-ime-foto/
Не помина долго, поточно само ден-два откако осамнаа на социјалните мрежи и во медиумите јавните прозивки помеѓу двет фолкерки, Сања Барби Цинцева прва се огласи на својот Фејсбук профил и јавно им се извини на колешките.
Имено, таа во својот статус напиша:
„Јас Сања Цинцева, јавно изјавувам дека немам ништо против моите колешки Сузана Гавазова и Елена Велевска. Наша меѓусебна шала е извадена од контекст и пласирана по медиумите за да бидат читани. Од секогаш сме биле во добри односи и така ќе остане. Јас не сум таа што можам да тврдам кој на кое место на скалата е, туку нашата публика и слушатели, но ако лично мене ме прашувате таква скала не постои, сите ние сме еднакви.
А што се однесува за односот мој со колешката Сања Сани Гроздановска, точно е дека во минатото имало недоразбирање и медиумско препукување, но преку наш заеднички разговор на некој начин ги смиривме “страстите” и ги надминавме недоразбирањата. Тоа што било во минатото, таму и ќе остани. Сепак сме колешки и водиме јавен живот, не ни доликува јавно да се провоцираме и навредуваме. Сите знаеме дека нашата професија поради Корона вирусот е на пауза, па медиумите кои ја следат естрадата од недоволен материјал за објавување, бараа некој провокативни теми. Но еве јас ќе им најавам бомба, односно теми за пишување, а тоа се моите нови проекти преточени во нови песни, следете ме и ќе има што да гледате, слушате и пишувате. Ве сака Вашата Сања Барби Цинцева“ – објави фолкерката.
„Покајание грешним“ или утешение за „оштетените“? Струмичката фолкерка прва решила „да ја спушти топката“ и да подаде рака на помирување со ваквиот гест, или е ова само затишје пред нова „естрадна бура“, допрва ќе видиме?! Во секој случај, Сани Гроздановска својата објава во која ја прозва Барби веднаш ја избриша од својот Фејсбук, ама затоа пак сега го објави нејзиното извинување, а Сања – Барбика пак, уште нешто пред тоа комплетно го избриша својот Инстаграм проофил.
А за нивните недоразбирања и нивото на „културна комуникација“, на крајот според Барби, виновни испаднаа медиумите, кои во недостаток на случувања на естрадата, наводно немаат што да објавуваат?!
Колку за потсетување, Барби имаше слични изјави и за колешките и за другарките и кога имаше случувања на естрадата, а медиумите „имаа што да објавуваат“:
Како и да е „воените секири се закопани“… Ако не за стално, барем во моментов! „Попаметниот прв попушта“, во случајов Барби или „ниту паметниот веќе не е толку будала прв да попушти“, во случајов Сани, останува самите да заклучите! Во секој случај медиумите отсекогаш имале има и ќе има што да објавуваат… Особено со ваква естрада, „материјал за работа“, колку сакаш!