Драгана Спасовска некогашен македонски модел, трндсетерка, старлета, убавица… како сакате. Денес 26-годишната скопјанка веќе две години живее во Дубаи со постар ултрабогат маж кому му е партнер во бизнисот во неговата компанија.
Дури и бугарските медиуми неодамна ја пренесоа приказната за девојката од Скопје која на одмор во Дубаи го запознала човекот на својот живот и денес го живее својот арапски, но и животен сон.
Како што самата ќе изјави за бугарските медиуми, сака да биде со мажи кои имаат високи финансиски можности, зашто и самиот нејзин живот е таков – на висока нога!
За себе вели дека е амбициозна и храбра и дека во Дубаи запознала многу влијателни луѓе. Нејзина животна желба е да стане актерка во Холивуд.
Деновиве Драгана на својот Инстаграм профил ја најави својата прва улога. До душа не е во холивудски филм, зашто филм уште нема снимено, ама затоа ќе се појави во новото видео на Марко Маринковиќ – „Слаткаристика“.
Таа ќе биде главниот женски лик во новата видеосторија, па сегменти од снимањето „бизнисменката од Дубаи“ објави во приказните на својот Инстаграм профил.
Во видеото разбирливо, главни адути бујните телесни атрибути на раскошната скопјанка… И додека таа танцува околу Слаткар, раперот и тоа како ужива во танцот на несудената холивудска ѕвезда.
Раце на рамена и надвиснати гради од длабокото деколте покрај неговиот образ, малку галење и милување, а потоа убавицата тргна да му седне в крило… Заводлив поглед и доза нежност на убавицата за блажен израз на лицето на „слаткарот“!
Јавноста со нетрпение чека Слаткаристика да ја симне целата мистика и да го промовира видеото.
Откако Драгана заврши кај Слаткар во спот во кој и тоа како има што да покаже, прашање е само, што на сето тоа, Сања Николиќ ќе каже…? Веројатно ништо особено, зашто брзо ќе сфати дека и неа одблизу и се познати овие работи.
View this post on Instagram