Радио Милева возење низ спомените

Љупка Митрова доби роденденски подарок: Да ти е „BMW“… (ФОТО)

Љупка Митрова доби роденденски подарок: Да ти е „BMW“…  (ФОТО)

Најпознатата македонска модна блогерка наскоро ќе слави роденден. Дамите не се прашуваат за годините, ама затоа се прашуваат за роденденските подароци. Додека се’ уште беше заедно со Дарко-Спејко, запрашани минатата година за најубавиот подарок, обајцата одговорија дека тоа е љубовта што си ја подаруваат еден на друг.

Сега, кога е повеќе од очигледно дека не се заедно, логично е и љубовта да ја нема повеќе… на подарок! Ама затроа има роденденска компензација! И тоа не било каква и не било што!

Иако до роденденот на Љупка имаше уште цели две недели и повеќе, фамилијата побрза да ја израдува со роденденски подарок! Не е торта, ниту букет цвеќе, иако цвеќето и црвената машна одат во пакет со подарокот. Овој  пат Љупка ја доби омилената „играчка“ на 4 тркала.  Гланц нов џип, од салон… Да ти е БМВ…

Не дека и пред тоа го немаше, ама овој е сосема нов и логично продолжение на старата баварска машина, ама и продолжение на спомените.

Имено, ако се вратиме малку наназад, ќе се потсетите дека Љупка токму своите ѕвездени моменти во љубовта со Спејко ги доживуваше во неговото БМВ…

Со него патуваа, менуваа локации, дестинации, во него разменуваа мислења, емоции, бакнежи, допири, ензими… Неговото БМВ им беше втора куќа… на тркала!

Можеби токму затоа сексапилната модна инфлуенсерка оваа скапа и луксузна марка ја одбрала за најновиот роденденски подарок? А фамилијата моќна… Има се’, може се’.

До душа, не е се’ во БМВ, ама… Ако не Спејко, во новиот автомобил заедно со Љупка ќе се возат спомените на големата љубов со „Големиот брат“ од Куманово! Ех, да ти е „BMW“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka Mitrova (@ljupka_mitrova) on

To top