Лила Филиповска планираше за овој Велигден да остане дома. Така и го почна празникот, како вистинска жена – домаќинка.
Вапцаше јајца, го покажа велигденско средениот дом, присуствуваше на литургијата во Соборниот храм, на своите пријатели и верници им го честиташе Велигден.
Арно ама, веќе другиот ден водителката доби понуда што не се одбива. Ептен пристоен предлог и… „морално беше“! Па таа набрзина се спакува и замина на уживање во вистинскиот бисер на струшката ривиера. Времето и се погоди сончево, погледот на езерото за „милион долари“, хотелот да не зборуваме…
И… еве ја Лила, девојката од летото 2019-то! Езерото мирно и рамно како тепсија, таа соблечена во едноделно бикини со рамна снага како охридска… пардон, струшка сирена! Или јагула, сеедно! „Пожешка и од сонцето, девојка за сите годишни времиња, бомба…“ – како што и напишале во коментарите некои од обожавателите.
Арно ама, секоја бомба за да биде бомба, мора да поседува и фитил… што ќе ја активира, односно ќе ја „запали“! А потоа… после тоа „и понеделникот знае да биде убав“ – како што самата Лила, потврди!
А, како и не би бил ако се разбудиш вака како неа, разголен, релаксиран, опуштен и задоволен уште отсабајле!
Како и да е, Лила уште еднаш покажа дека и за празникот умее да спои две во едно: Ем да биде вредна домаќинка, ем да знае како да ужива!
Вечерта за Велигден знаеме каде и со кого беше… Останатите денови, дознавме само каде беше… и донекаде видовме, што правеше…
Ама, ако по утрото денот се познава… „не ќе да бил само понеделникот убав!“