Девојките пред да ги запознаете одблизу, имаат знаци на распознавање оддалеку. Што би рекле, секоја си има свој трејд марк од дистанца. Кога ќе забележите некоја од нив во далечина, не можете да знаете ништо за неа ако не ја познавате. Ниту како се вика, која е од каде е, колку е образована, интелигентна, културна, што и каде работи… И уште милион ситници кои подоцна можат да ве заинтригираат.
Ама затоа на прва може да ве освои нејзината убавина. Или поточно, нејзините атрибути: Извајаното тело, долгите нозе, тенкиот струк, колковите, карлицата, извајаниот задник, бујните гради… покрај ликот, косата, ноктите, погледот, насмевката… некои дури и не мора да ги видите в лице, за да ги препознаете. Доволен е поглед одзади, од зад грб, за да погодите кој тоа, седи, стои или оди… пред вас, за кого се работи!?
Особено ако е лето, плажа, базен или друго прикладно место за престој во бикини… Ние одбравме пет помалку или повеќе познати, ама баеги стројни и бујни Македонки, и секоја од нив и тоа како има со што да се пофали кога ќе ја погледнете одзади… Од зад грб! Особено кога се соблечени во костим за капење. А, вие преиспитајте се дали би ги препознале одзади по нивните убавини, ако случајно некаде ги сретнете во бикини?
– Ана Стојанова – атрактивниот фитнес модел и фитнес инструкторка, која на јавноста и стана позната секојдневно постирајќи ги своите мотивирачки фотографии и видеа од програмата за здрав живот која ја прокламира.
Во исто време Ана ги буди скриените мечти и мами воздишки со своите раскошни телесни атрибути…
Особено забележливи и впечатливи кога ќе ја погледнете одзади.
View this post on Instagram
Serial Chiller.?? Ми фалеа вакви видеа на профилот, нели?! ?? . . . . #доминирај
Кога Ана излегува од базенот и да не и го гледате лицето, сигурни сте дека е ТАА!
– Мартина Димовска – кохезија на убавина, ум и интилигенција, екстраваганција и ексцентричност. На социјалните мрежи позната како Марта Девилиш, но во јавноста како единствената Македонка на која НАСА може сериозно да смета.
Иден научник, актуелен модел, нешто малку накај „сајз плус“, но сепак доволно атрактивна и сексапилна, штом ја забележите.
Црвенокосата кичевчанка е телесно надарена и однапред и одзади и затоа сме сигурни дека веднаш би ја препознале и да не ја погледнете в лице, да речеме ако летово се најдете некаде на исто место.
Ако не по друго, по тоа што и базенот страствено се прелева кога Март(ин)а од него излегува.
View this post on Instagram
Патем, едно е сигурно: Се’ што гледате на неа е 100% природно!
– Љупка Митрова не треба посебно да ви ја претставуваме. До неодамна многу присутна и на социјалните мрежи и во медиумите со нови фотографии или случувања од бурниот приватен живот!
Сексапилната модна блогерка и инфлуенсерка, штом ви влезе во видокруг, не ви излегува од глава со часови, а некому и со денови…
Згодната струмичанка толку многу зрачи со сексапил што е едноставно магнет за машките рецептори… Можеби не е Карлеуша, Саманта Фокс, па ниту наша Тамара однапред, ама затоа одзади… Не можете да ја промашите во никој случај! Еден поглед – безброј сни… И очи ширум отворени за илјадници машки „влажни погледи“!
Затоа и кога Љупка ќе му го сврти грбот, ретко кој и се лути. Напротив…
Кај некои жени убавината доаѓа одзади, а тоа кај неа, не тешко да се воочи! Љупка тоа добро го знае и затоа никогаш не останува незабележана, дури и ако не ја гледаат во очи!
– Наташа Неделковска или Таша Реј, како што и е уметничкото име, важи за најзгодната и најубава, најтетовирана Македонка. Таа ја избрала убавината на украсувањето на своето тело за сопствен белег. Трејд марк на личноста, преку исцртаната става, раце, нозе, врат, задник… И уште по некое скриено место што само таа и избраните можат да го видат.
Ама затоа сите можат да ја видат и препознаат уште оддалеку дека тоа е таа – тетовираната убавица со секси задница! Зашто кога Таша ќе се опушти крај базенот, не ви треба да го поминете денот во размислување дали е тоа таа, макар ја гледале само од зад грб!
Тетовираните рози и пиштоли на двете половинии од задна перспектива ја отстрануваат секоја дилема дали е тоа тетовираната сирена?
Доказ повеќе, дека некои дами го нашле трикот, како да ги препознаеш и без да им го видиш ликот!
-И за крај на овој летен избор, веројатно Македонката со највпечатливото га*е! Единствена конкуренција можеби можат да и бидат фитнес моделите Марија Нацева и Едина Муса! Или можеби не, зашто Кристина Кики Кочова може слободно да застане „задница до задница“ во редот со Џенифер Лопез и Ким Кардашијан. Дефинитивно девојката има најизвајана позадина во Македонија.
Кики не е ниту толку позната, ниту е ТВ водителка, манекенка, топ модел, естрадна ѕвезда… Ама е ѕвезда на социјалните мрежи, каде важи за најжешката Македонка на Инстаграм. Или поточно феномен, зашто таа на својот профил најчесто постира фотографии, сликани исклучиво одзади!
Лицето никогаш, ама никогаш или ајде… ееееептен ретко го покажува!
View this post on Instagram
Логично, најсилниот адут, секогаш треба да биде во прв план. А со секоја нова поза, буди нова доза на тестостерон, па машката страст, желба и копнежи постојано се во прогресија… Па дури достигаат и ниво на опсесија!
Кој еднаш го „прочешлал“ нејзиниот Инстаграм профил, никако не може да ја промаши, штом ја види од зад грб! Прашањето е: Има ли таков што ја препознава и со затворени очи?
View this post on Instagram